Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

Лабораториски техничар-трансфузист

Објавено на: 05.11.2025
Статус: Активен

               Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од искусен и мотивиран лабораториски техничар-трансфузист.
 
                                                 ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
 

·         Примање, обработка и анализа на примероци на крв и нејзини деривати

·         Изведување на тестови за крвна група, Rh-фактор и скрининг за трансмисивни болести

·         Подготовка и евиденција на крвни компоненти

·         Учество во процеси на примање нарачка за анализа и соодветно етикетирање на материјалот за анализа

·         Води уредна евиденција на медицинската документација

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено средно медицинско училиште, образовен профил-лабораториски техничар; положен стручен испит
  • Завршена едукација по трансфузиологија во траење од 6 месеци- положен испит за лабораториски техничар-трансфузист
  • Работно искуство во трансфузиолошка лабораторија ќе се смета за предност
  • Познавање на стандардни лабораториски техники и апарати
  • Одговорност, прецизност и способност за тимска работа
  • Познавање на работа со комјутери
  • Високо ниво на доверливост и етика 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени нa e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.