„Сум имала можност да посетам приватни болници во Словенија и во Америка. Но, на ниту едно место не се чувствував доволно сигурна за да ја направам операцијата за замена на колк. По прегледот кај д-р Драган Христов, знаев дека ‘Аџибадем Систина’ е болницата каде ќе го доверам моето здравје. Д-р Христов е толку посветен и стручен, ми ја објасни целата постапка детално и навистина сè излезе според неговите планови. Големината на докторот не е само да лекува туку и да делува психички на вас. Д-р Христов е комплетен доктор и голем човек“.
Со овие зборови ја започна својата приказна 61-годишната Сузана Марке, која, како што вели, единствено во „Аџибадем Систина“ го нашла спасот за нејзината болка во колкот.
Благодарноста кон д-р Христов не доаѓа само од пациентката туку од целото нејзино семејство, кои велат дека се среќни што Сузана по долго време се чувствува добро, нема болки и застанала на нозе.
„Македонија треба да биде среќна што има вакви доктори. Ние сме биле насекаде во светот, но, верувајте, никаде немаме видено ваква професионалност и вакви услови. Не треба секогаш да го цениме тоа што е надвор од нашата земја. ‘Аџибадем Систина’ е светска болница. Сузана имаше голем страв од операција и затоа и ја одложуваше. Одевме насекаде, но ниту еден доктор не успеа да ја убеди и покрај болките кои ги имаше. Немаме зборови со кои можеме да се заблагодариме на
д-р Христов, тој е за нас најголемиот човек“, вели Авди Марке, сопругот на Сузана.
„Аџибадем Систина“ има услуга на хотел со 5 ѕвезди
Покрај стручноста на д-р Христов, по операцијата Сузана ја увидела и другата страна на големината на болницата, а тоа е грижливоста на персоналот и условите за болнички престој.
„Ова не е болница туку хотел“, со насмевка Сузана го сподели искуството во „Аџибадем Систина“. „Тука се почитуваат сите потреби на пациентот, сите се толку посветени во грижата, па ниту еден момент не се чувствував осамено или загрижено за здравјето. Сè излезе како што ми кажа докторот, операцијата помина, јас за многу кратко време се чувствував многу добро, а болките ги снема“, вели Сузана.
Најнова генерација на керамички колкови
„Овие интервенции се изведуваат со минимално инванзивен пристап со што се зачувува биолошкото ткиво, се зачувуваат сите мускули без да се сечат и трауматизираат. Затоа пациентката заздрави за многу кратко време. Предноста на керамичките протези е тоа што керамиката претставува поинертен материјал и степенот на триење е многу помал отколку кај другите стандардни материјали, што е од особена важност за нивно функционирање и за нивна трајност. Керамиката е единствениот вештачки материјал најблизок до квалитетот на човековата ’рскавица, има поголема биокомпатибилност и не предизвикува алергиски реакции“, вели д-р Драган Христов.