Ведрина, искрена насмевка и позитивна енергија се сосем доволни за да ги освоите детските срца. Тоа најдобро го знае Јасмина Русмир, медицинска сестра која повеќе од 20 години се грижи за најмалите и најискрени пациенти. Децата на Одделот за педијатрија ја обожаваат, а родителите се благодарни за нејзината посветеност и професионалност.
„Децата се дел од мојот секојдневен живот, деца за кои размислувам, деца на кои сум им потребна. Во работата со нив сојузник барате и во родителите. Сочувствувате со нивниот проблем, а се радувате со нивниот успех“, вели Јасмина.
Зошто се одлучи за работа на Одделот за педијатрија во „Аџибадем Систина“
-Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работам две години, а претходно имам 20-годишно работно искуство на Клиниката за детски болести. За „Аџибадем Систина“ сум слушала секогаш само пофални зборови, а и тоа дека во неа работат само најдобрите. Тоа и ми беше предизвик, да дојдам, да работам со најдобрите и да бидам најдобра. Секако да не ги заборавиме и идеалните услови за работа, како еден од основните фактори за успешност.
Колку те исполнува работата со деца?
-Како личност која има две професии, медицинска сестра и социјален работник, двете несомнено ги поврзува една заедничка нишка, а тоа е помагателска функција. Во овој случај љубовта кон децата беше пресудна да се одлучам за педијатрија. Ова е професија во која доаѓаат до израз индивидуалните квалитети, способности и вашиот карактер. Децата тоа најдобро го чувствуваат и честопати ми се заблагодаруваат со некој прекрасен цртеж, убава песничка, насмевка, прегратка со бакнеж. Нема поголем подарок на светот кога е тоа од една искрена детска душа.
Колку е специфична работата со најмалите пациенти?
-Децата се една од најнепредвидливата и најтешка категорија на пациенти. Секое од нив има свои карактеристики и бара внимание. Tокму со нив доаѓа до израз хуманоста, трпението и мојата целосна посветеност само на нив. Првиот контакт е секогаш многу битен. Насмевката и ракувањето за добредојде се најмоќното оружје. Велат кога ќе го сретнеш глувонемиот – на твоето лице нека се појави НАСМЕВКА. Тој тогаш ќе сфати дека звуците не му се неопходни на човекот. Кога ќе го сретнеш слепиот стегни му ја раката и посакај му ДОБАР ДЕН, а тој светлината на денот ќе ја види со твоите очи.
Како реагираш на позитивните коментари кои навистина често доаѓаат од родителите
-Тешко е да се добие довербата на родителот чие дете е болно. Затоа сме тука ние, вработените, со нашата професионалност и безрезервно внимание, разбирање, љубов…Се разбира задоволството на родителите е неизбежно. Големата благодарност искажана преку зборови или пишана во анкетните листови значи премногу. Верувајте дека уживам во успехот и се радувам. Тие се мојот стимул за мојата успешна работа.
Децата се дел од мојот секојдневен живот, деца за кои размислувам, деца на кои сум им потребна. Во работата со нив сојузник барате и во родителите. Сочувствувате со нивниот проблем, а се радувате со нивниот успех.
За работната средина и колегите со кои го поминува секој работен ден Јaсмина вели дека тоа е најпрофесионалниот тим со кој секој би посакал да работи.
„За успешна работа потребен е добар тим и позитивна енергија. Меѓу себе имаме одлична комуникација, разбирање, соработка. А сето тоа го надополнува прекрасниот амбиент на Педијатрија. Чест ми е и задоволство што сум дел од овој тим“, вели Јасмина.