Онкологија

Онкологија

Онкологија

На Одделот за онкологија пациентите добиваат индивидуален план за третман од страна на мултидисциплинарен тим специјалисти. За првпат во регионот се користи најсовремен начин на рано откривање и следење на малигните заболувања со користење на PET/CT скен. За пациентите достапна е најсовремена хемотерапија, хормонотерапија, имунотерапија и целна (биолошка) терапија. Радиотерапијата во „Аџибадем Систина“ се изведува на најсовремениот акцелератор за зрачна терапија TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems кој овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином и на TRILOGY, со кој болницата располага од поодамна.

Третманот се креира зависно од хистолошкиот тип на туморот (клетките од кои потекнува), органот од кој потекнува, како и степенот на локо-регионална проширеност на болеста или евентуалното постоење на далечни метастази. При малигни заболувања постојат два начини на третман адјувантен, чија цел е намалување на ризикот од повторување на болеста и неоадјувантен, со цел да се намали димензијата на туморот и да се обезбеди негова операбилност или палијативен со цел контрола на симптомите со што обезбедува подобар квалитет на живот. Третманот може да се спроведе како индивидуален или во комбинација со други модалитети на третман (хирургија, радиотерапија). Стручниот тим освен со креирањето на третманот, како и неговото спроведување, се грижи и за континуираното следење на пациентите по завршување на планираните модалитети на третман, советување и здравствена едукација на членовите на семејството за превенција на ризиците од појава на малигна болест, како и нејзино рано откривање.

Најчесто третирани локализации на малигни заболувања
  • Канцер на дојка
  • Тумори на мозок
  • Канцер на бели дробови
  • Канцер на дебело црево и ректум
  • Канцер на желудник
  • Канцер на панкреас
  • Канцер на хепар
  • Канцер на простата
  • Канцер на матка
  • Канцер на јајчници
  • Канцер на мочен меур
  • Канцер на тестиси
  • Тумори на глава и врат
  • Тумори на коски
  • Тумори на меки ткива
Модалитети на третман кои се применуваат од страна на стручниот тим на „Аџибадем Систина“
  • Хемотерапија– подразбира аплицирање лекови во вена или орално чија цел е уништување на канцер клетките, при што најчесто се комбинираат повеќе цитостатски препарати со различен механизам на дејство. Во болницата „Аџибадем Систина“ тимот онколози постојано ги следи најновите достигнувања во онкологијата, како и нивната ефективна примена согласно со прифатените стандарди.
  • Хормонотерапија– подразбира користење лекови кај тумори кај кои постои хормонска зависност како канцер на простата и канцер на дојка. Поголем дел од препаратите се аплицираат орално, но постои можност и за мускулна апликација на одредени препарати од оваа група.
  • Имунотерапија– подразбира користење супстанци кои имуниот систем природно ги продуцира и се користат да ги идентификуваат и да ги уништат канцер клетките со активирање на имуниот систем.
  • Целна или биолошка терапија– едно од најзначајните откритија во последнава деценија во онкологијата се високоефективните биолошки препарати со минимални несакани ефекти кои дејствуваат на соодветни рецептори (таргети – цели) кои се наоѓаат на туморската клетка, а ги нема кај нормалните клетки. Ваквиот тип современа онколошка терапија најде примена кај различни типови канцер, особено кај канцер на дојка, дебело црево и бубрег.
 
РАДИОТЕРАПИЈА

Радиотерапијата се спроведува со моќниот акцелератор TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином, како што се: тумори на белите дробови абдоменот, главата и вратот, мозокот и дојката.

Исто така, акцелераторот TrueBeam овозможува применување различни напредни техники на зрачење, меѓу кои:

  • интензитет-модулирана радиотерапија (IMRT)
  • радиотерапија водена од слика (IGRT)
  • стереотактичка радиохирургија (SRS)
  • стереотактичка радиотерапија на телото (SBRT)
  • RapidArc радиотерапија  напредна форма на волуметриски модулирана aрк терапија (VMAT).
Во употреба е и линеарниот акцелератор TRILOGY, со кој Одделот располага подолг период.
 
Полиња за апликација на радиотерапија
 
Во зависност од целта на радиотерапискиот третман, радиотерапијата може да биде:
  • Куративна радиотерапија

Имајќи ги предвид достапните информации за болеста, се применува кога болеста може комплетно да се излекува. Може да се аплицира самостојно или во комбинација со хирургија и хемотерапија.

  • Палијативна радиотерапија

Се применува во услови кога е невозможно комплетно да се излекува болеста. Целта е да се превенираат или да се намалат симптомите и да се подобри квалитетот на живот кај пациентите кои се соочени со сериозна и комплексна болест. Пример, коскената болка од која страдаат пациентите со промени на коските може да се намали со радиотерапија, исто така, со радиотерапија може да се превенираат патолошки скршеници на местото каде што постојат промени. Крвавењата предизвикани од поголеми тумори може да се стават под контрола со употреба на радиотерапија. Вкупните дози на радиотерапија во овие случаи се помали и времетраењето на третманот е значително пократко.

Радиохирургија

Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. Се изведува со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TrueBeam.

Доктори во одделот

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.