fbpx

Нови бенефиции за целото Acibadem Sistina BABY семејство

30.11.2015

Нови бенефиции за целото Acibadem Sistina BABY семејство

-10% попуст на сите здравствени услуги за родените во Аџибадем Систина во текот на целиот живот

Со голема љубов и посветеност ги известуваме членовите на нашето Acibadem Sistina BABY семејство за ексклузивниот попуст од – 10 % за сите здравствени услуги во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во текот на целиот живот. 

Acibadem Sistina BABY 

Денес, нашето семејство брои илјадници членови. Дел од нив се во училиште, градинка, јасли, живеат во најразлични делови од светот, ги радуваат различни нешта … Но сите тие припаѓаат на едно големо семејство кое меѓусебно ги поврзува нераскинлива врска – почетокот на животот. Овие бебиња се посебни бидејќи зад нив стои целокупниот професионален тим кој им овозможува безгрижно детство. Кон нив ја насочуваме целата наша љубов и посветеност и со задоволство го следиме нивниот развој низ годините. Токму затоа, со посебна љубов им подаруваме бенефиции преку кои сакаме да им покажеме дека ни значат.

За кого е наменет попустот ?

Попустот важи за сите бебиња родени во нашата болница од 14.02.2001 година. Тука спаѓаат бебињата родени во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“, бебињата родени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и сите бебиња кои ќе се родат во нашата болница.

Посебен систем на регистрација

Сите бебиња родени во нашиот бренд го добиваат статусот Acibadem Sistina BABY и се посебно регистрирани во нашиот болнички систем. На тој начин ги идентификуваме сите бебиња кои се досега родени во нашата болница.

За кои здравствени услуги важи попустот ?

Попустот важи за сите амбулантски и хоспитални услуги почнувајќи од 01.12.2015 година. Не важи единствено за услугите во кои веќе има вклучен попуст или се дел од промотивен пакет и не е кумулативен со други попусти.

 

www.acibademsistinababy.mk