Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше презентиран врвниот Toumai® -ендоскопски хируршки систем на компанијата MicroPort, пред хирурзите од повеќе специјалности.
Toumai® е напреден, минимално инвазивен медицински уред кој обединува мултидисциплинарни знаења. Тој овозможува телехирургија, при што хирургот може да оперира надвор од стерилната зона, со значително намалување на физичкиот напор.
Благодарение на роботската технологија, Toumai® нуди висока прецизност, стабилност, безбедност и минимална инвазивност. Овој иновативен систем е применлив во повеќе хируршки дисциплини, меѓу кои урологија, општа хирургија, гинекологија и торакална хирургија, што го прави исклучително важна алатка во современата медицина.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува посветена на воведување на најнапредни медицински технологии кои овозможуваат прецизни, безбедни и ефикасни хируршки процедури, подигнувајќи ја здравствената грижа на уште повисоко ниво.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.