Под мотото „Иднината на медицината: Прозорец кон утрешнината", во организација на Здружението на лекари специјализанти се одржа Вториот национален симпозиум на млади лекари, кој и оваа година ги обедини големиот број млади професионалци посветени на развојот на современата медицина.
Клиничката болница „Аџибадем Систина" беше гордо претставена преку стручните предавања на: доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, кој говореше за современите трендови и идните предизвици во неврохирургијата, истакнувајќи ги напредните техники што ја обликуваат иднината на оваа сложена медицинска гранка и доц. д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија, кој со своето инспиративно предавање ги поттикна младите лекари да размислуваат иновативно и да ги следат најновите светски практики во детската хирургија и кардиохирургија.
Небојша Апостоловски, радиолошки технолог, кој се осврна на најновите достигнувања и иновации во радиотерапијата, нагласувајќи ја важноста на модерната технологија во дијагностиката и третманот на пациентите.
Нивните излагања донесоа значајни согледувања за современите пристапи во различни области на медицината и поттикнаа динамична дискусија меѓу присутните. Младите лекари имаа можност да разменат идеи, да поставуваат прашања и да се инспирираат од искуството на истакнатите предавачи – идните носители на напредокот во здравствениот систем.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и понатаму останува посветен и активен поддржувач на едукацијата, професионалниот развој и размената на знаење меѓу младите медицински кадри, инвестирајќи во иднината на здравството и во квалитетната грижа за пациентите.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.