Аџибадем Систина

ДОКТОРИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ДЕЛ ОД ЕДУКАТОРСКИОТ ТИМ НА ГОДИШНАТА СТРУЧНА РАБОТИЛНИЦА ЗА АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

20.11.2025

Здружението за анестезиологија, реанимација и интензивна нега ја организираше својата традиционална годишна стручна работилница, која претставува еден од најзначајните едукативни настани во областа на анестезиологијата. Во текот на два дена, настанот собра повеќе од 150 анестезиолози од земјата, а своите експертизи ги споделија околу 20 истакнати предавачи. Годинава, како поканети предавачи и едукатори од Клиничка болница „Аџибадем Систина“ учествуваа:
•             доц. д-р Лилјана Малиновска-Николовска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување
•             д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со реаниматологија
•             доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување
•             д-р Билјана Лозановска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување.
 
Со своите предавања, тие ги претставија современите пристапи, клинички практики и новитетите во анестезиолошката дејност, придонесувајќи за унапредување на професионалниот развој на колегите и подигнување на квалитетот на здравствената грижа.
Работилницата, која секоја година се одржува под покровителство на Европското здружение на анестезиолози, овозможува размена на современи знаења, клинички практики и најнови достигнувања во анестезиологијата, реанимацијата и интензивната нега.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ продолжува активно да учествува во регионалните и европските стручни настани, потврдувајќи ја својата посветеност кон едукација, иновации и постојано унапредување на клиничката практика. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.