Аџибадем Систина

,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА” СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ КОНГРЕС НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ НА СРБИЈА

06.11.2025

Во периодот од 29 октомври до 2 ноември 2025 година, во Златибор, Србија, се одржа Националниот конгрес на здравствени работници на Србија со меѓународно учество на тема: „Променете го исходот – заедно сме“.

Активно учество со свое стручнo предавање имаше Маја Ацеска, специјалист инструментарка, која ја претстави темата: „Бенефити при проширување на аортен корен“.

Конгресот опфати широк спектар на теми од областа на современата здравствена практика, при што особено внимание беше посветено на културата во здравствените установи и на значењето на ефективната комуникација меѓу здравствениот персонал.

Во текот на дискусиите беа отворени прашања за универзалните комуникациски предизвици, меѓугенерацискиот јаз, нелојалната конкуренција, како и потребата од градење заемна доверба и почит.

Се истакна дека ефективната комуникација претставува темел на безбедна и квалитетна здравствена заштита, а само преку соработка, разбирање и заемна поддршка се постигнуваат најдобрите резултати во грижата за пациентите. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.