Аџибадем Систина

БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ТРЕТМАН НА ХРОНИЧНА БОЛКА

16.10.2025

По повод месецот на подигнување на свесноста за хроничната болка, првиот и единствен Центар за третман на болка при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организира бесплатни консултации во периодот од 20 до 24 октомври.
 
Секој пациент кој ќе закаже консултација ќе биде примен во Амбулантата за болка од страна на специјалист анестезиолог. Во зависност од наодите и видот на болката, ќе бидат дадени насоки за понатамошна терапија и третман.
 
Оваа иницијатива е поддршка и охрабрување за сите кои се соочуваат со хронична болка — да побараат стручна помош и совет.
 

Закажете бесплатна консултација на 02 30 99 500. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.