Аџибадем Систина

,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА” ДЕЛ ОД 4. МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

08.10.2025

Викендов во Струга се одржа 4. Меѓународен конгрес на медицински сестри, во организација на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводено од ЗМСТАС „За нас“. Овогодишното мото на конгресот беше: „Со образование до влијание – медицинските сестри како двигатели на промени“, нагласувајќи ги важноста на континуираното професионално усовршување и улогата на медицинските сестри како лидери и носители на позитивни промени во здравствениот систем и општеството.
 
Во рамки на конгресот се одржа и Регионалната конференција на Европската организација на специјализирани медицински сестри (ЕСНО), што претставува уште едно признание за значењето и квалитетот на овој настан.
 
Активно учество на конгресот зедоа и медицинските сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои со свои предавања придонесоа за споделување на знаење и искуства. Маја Атанасовска, специјалист по интензивна нега, предаваше на тема: „Медицинските сестри – двигатели на промени, со образование до влијание“,  Маја Ацеска, специјалист инструментарка, на тема: „Проширување на аортен корен при замена на аортна валвула“ и Дана Поптрандова и Силвија Ќерамитчиева, дипломирани медицински сестри, обработија заедничка тема: „Со квалитетно образование до влијание“.
 
За својата поддршка и активно учество, „Аџибадем Систина“ доби благодарница, што претставува уште една потврда за посветеноста, професионалноста и квалитетот на нашиот тим.
 
Конгресот претставува значаен меѓународен настан кој овозможува размена на знаења, искуства и примери на добра практика меѓу медицински сестри, техничари и акушерки од земјата и регионот, заеднички придонесувајќи за унапредување на здравствената нега и професионалниот развој. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.