Аџибадем Систина

Д-Р ДАНИЕЛА ПОПОСКА - ЕВРОПСКИ СЕРТИФИЦИРАН СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТРЕТМАН НА РАК НА ДОЈКА

03.10.2025

Октомври е месец на подигнување на свеста за ракот на дојката – месец во кој ја потврдуваме нашата посветеност кон највисоките стандарди во онколошката грижа.

Горди сме што нашиот онколог, д-р Даниела Попоска, која својата професионална кариера ја посвети токму на ова поле, во 2024 година се стекна со европски сертификат за компетенција во третман на рак на дојка (CCB5). Оваа престижна 18-месечна едукација е реализирана во рамки на Европската школа за онкологија (ESO) и Универзитетот во Улм, Германија и е една од врвните програми за експертиза во третман на рак на дојка.

Ова постигнување ја потврдува нашата заложба да им обезбедиме на нашите пациенти нега и третмани во чекор со европските и светските практики, преку доктори со врвна едукација и меѓународно признаени компетенции. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.