21-годишната репрезентативка на Азербеџан и членка на ФК Љуботен, Милана Рахимова, одлично се опоравува по успешно изведената артроскопска операција на левото колено, спроведена од д-р Михајло Ивановски во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Итната интервенција беше извршена на 23 септември, поради сериозна трауматска спортска повреда и блокада на коленото.
„Се чувствувам одлично! Благодарна сум за перфектно изведената операција, грижата и одличните услови во болницата,“ – вели Милана, која со нетрпение очекува да се врати на терен.
Според предвидувањата на д-р Ивановски, по две месеци рехабилитација, оваа борбена спортистка ќе биде повторно под светлата на фудбалските терени – посилна од кога било!