Аџибадем Систина

СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВО КОСОВО

11.09.2025

Во Приштина, Косово се одржа стручна конференција на тема „Современи методи на лекување на пациентите во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’“, во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На конференцијата учествуваа десет специјалисти од различни медицински области, кои одржаа свои стручни предавања.

Беа презентирани современите методи за третман на пациенти во болницата, во областите на интервентна кардиологија, детска хирургија, детска кардиохирургија, урологија, пулмологија, онкологија и радиотерапија, интервентна радиологија, дерматовенерологија, пластична, реконструктивна и естетска хирургија и неврохирургија. Дополнително, беа претставени нови технологии и споделени искуства преку приказ на клинички случаи.

Меѓу присутните гости од менаџментот на болницата беа: д-р Севим Шуекинџи, извршен директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која со поздравен говор ја отвори конференцијата и Валентина Димовска, заменик извршен директор.

Докторите од „Аџибадем Систина“, кои одржаа свои предавања и презентации пред присутните гости беа: д-р мед. науки Жарко Христовски, специјалист по кардиологија, д-р Арбен Реџепи, специјалист по пулмологија, доц. д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска кардиохирургија, доц. д-р Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија, доц. д-р Миленко Костов, д-р на науки, специјалист по неврохирургија, проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, доц. д-р Александар Ѓорески, специјалист по интервентна радиологија, м-р Соња Петковска, медицински физичар, доц. д-р Весна Бришкоска-Бошковски, специјалист по дерматовенерологија и проф. д-р Боро Џонов, специјалист по пластична, реконструктивна и естетска хирургија.

Присутните гости на конференцијата имаа извонредна можност за размена на искуства, стручни дискусии и разговори со докторите од „Аџибадем Систина“.

 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.