Аџибадем Систина

„Аџибадем Систина“ со свои претставници на IX балкански денови на анестезијата

28.04.2025

Од 24 до 27 април 2025 година на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје се одржа конгрес организиран од  Асоцијацијата на доктори специјалисти по анестезија и реанимација (ARUD), IX балкански денови на анестезијата. Тема на годинешниот конгрес беше „Подготвеност при катастрофи во анестезија и интензивно лекување“.  Како поканети предавачи во научната програма, нашата болница ја претставуваа медицинската сестра за едукации и тренинзи, Андроники Бибовска и  д-р мед.науки Дарко Саздов, специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување. Андроники одржа предавање на тема: „Проценки и менаџмент на ризици во операционите сали“, а д-р Саздов зборуваше на тема: „Симулациски тренинзи и подготвеност на медицинските сестри во менаџирање на катастрофи“.

Во рамки на конгресот се одржаа и две работилници, првата на тема „Анестезија со низок проток на гасови“, а втората „Блокади во регионална анестезија“. Работилниците беа посетени од повеќе млади доктори од КБ „Аџибадем Систина“, кои зедоа практично учество во нив. Презентациите на нашите претставници предизвикаа голем интерес и дискусија, а д-р Саздов и сестра Андроники добија покани од соседните земји за одржување на предавања на теми поврзани со подготвеноста на медицинските сестри при вонредни состојби и катастрофи.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ вложува постојано во растот и развојот на секој поединец во болницата, нашите медицински сестри и доктори ги посетуваат сите настани поврзани со споделување на знаења и искуства, стремејќи се кон подобрување на процесите на работа и подготвеноста за справување со секоја непредвидена ситуација. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.