Аџибадем Систина

„Аџибадем Систина“ трета година по ред најпосакуван работодавец меѓу приватните болници

22.04.2025

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оваа година е добитник на наградата за најпосакуван работодавец во категоријата приватни болници на манифестацијата „Работодавач на годината“, организирана од Vrabotuvanje.com.mk, каде што јавноста ги номинираше и ги одбра најпосакуваните компании за вработување во 2024 година.

Ова признание претставува потврда за посветеноста на ,,Аџибадем Систина” во областа на човечките ресурси и постојаното унапредување на условите за работа, со фокус на создавање средина каде што секој вработен е ценет, поддржан и мотивиран. Во име на „Аџибадем Систина“, наградата ја прими Марија Капетановска, директор за човечки ресурси.

Веќе 15 години, „Аџибадем Систина“ поставува нови стандарди во здравствената грижа, предводејќи со врвни медицински тимови, најсовремена опрема и пионерски интервенции, како во Македонија, така и во регионот. Благодарение на континуираната стручност, иновации и грижа за пациентите, „Аџибадем Систина“ останува прв избор за здравствена заштита за пациентите од земјата и регионот. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.