Од 4 до 7 април во Скопје, во организација на Македонското лекарско друштво се одржа 3. Интернационален конгрес на случаи ICRC. Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учество со свои презентации зедоа: д-р Биљана Ќурчиќ, прим. м-р доктор Билјана Какараскоска-Боцеска, д-р Дамјан Павлов, д-р Ирена Лазарева, д-р Дарко Бислимовски и д-р Стефан Николов.
На конгресот беа презентирани клинички случаи преку кои се потенцираше важноста на мултидисциплинарниот пристап во дијагностицирање и лекување на пациентите и случаи со невообичаени дијагнози и состојби за чие лекување и менаџирање не постојат објавени водичи и стандарди, туку во лекувањето е применет персонализиран, нов, уникатен и успешен пристап, кој е етички оправдан и кој доведува до успешно завршување на третманот.
Овој научен собир беше одлична можност за младите лекари, специјалистите и истражувачите да презентираат реални случаи, да разменуваат идеи и да градат меѓународни соработки.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.