Аџибадем Систина

Учениците од ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи” во посета на ,,Аџибадем Систина”

03.04.2025

Учениците од IV година од Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола имаа можност да ја посетат Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и одблиску да се запознаат со нејзиниот современ начин на работа.

Водени од главните медицински сестри од различни оддели, тие направија обиколка низ болницата, каде што имаа можност да се запознаат со врвната медицинска технологија, организацијата на одделите и професионалниот медицински персонал.

Дополнително, учениците присуствуваа на едукативно предавање во амфитеатарот на болницата, каде што активно учествуваа поставувајќи прашања и продлабочувајќи ги своите знаења во областа на медицината.

Оваа посета им остави силен впечаток, мотивирајќи ги во нивниот понатамошен образовен и професионален развој. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.