Од 16 до 19 март 2025 година, во Порто, Португалија, се одржа 30. Интернационален мултидисциплинарен ХПВ конгрес. Овој значаен научен собир собра водечки експерти, истражувачи и медицински професионалци од целиот свет, со цел да се дискутираат најновите стратегии за превенција на хуман папилома вирусот (ХПВ), најсовремените методи за дијагностика и револуционерните истражувања во областа.
Еден од претставниците на овој престижен конгрес беше доц. д-р Корнелија Трајкова, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина”, која имаше своја презентација на тема ,,Истражување на интеракцијата помеѓу вагиналниот микробиом, цервикалната цитологија и ХПВ-тестирањето”. Д-р Трајкова ги потенцираше најновите научни докази за тоа како составот на вагиналниот микробиом може да влијае врз развојот на преканцерозни промени и како новите методи на тестирање можат да доведат до поефикасна и поточна дијагностика.
Овој настан им овозможи на медицинските професионалци не само да се запознаат со најновите научни трендови, туку и активно да разменат искуства и да ги применат стекнатите знаења во својата секојдневна клиничка практика.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.