Аџибадем Систина

Учениците од Хрватска ја завршија стручната пракса и стекнаа нови искуства во ,,Аџибадем Систина”

14.03.2025

По три недели стручна пракса во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, учениците од Средното медицинско училиште „Бјеловар“ од Хрватска, кои беа дел од програмата Еразмус+, успешно ја завршија својата едукација. Учениците имаа исклучителна можност да учат од најдобрите стручњаци во медицината, да се запознаат со најсовремената медицинска опрема и одблиску да учествуваат во различни ситуации и различни видови медицински предизвици. Ова искуство ќе им овозможи да се вратат дома со нови знаења и практични вештини, кои ќе можат да ги применат во иднина.

„Благодарни сме што имавме шанса да ја искусиме медицинската пракса одблиску, да учиме од најдобрите и да го почувствуваме темпото на работа во модерна клиничка болница. Ова искуство ќе има големо влијание врз нашето професионално усовршување во иднина“, изјавија учениците.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе остане посветена на развојот и поддршката на младите и перспективни медицински кадри, овозможувајќи квалитетна едукација.

 

 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.