20% намалување на цените за голем број естетски процедури
По повод 8 Март и месецот посветен на женското здравје, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди голем број промотивни активности и промоции. Во големата промотивна кампања, вклучени се попусти на услугите на Одделот за естетска дерматологија, пластична и реконструктивна хирургија, гинекологија и акушерство, радиологија, „AS Slim Body центар“ и Одделот за кардиологија и интерна медицина.
Во рамки на оваа голема промотивна кампања по повод 8 Март започнува и промотивното 20% намалување на цените за голем број естетски процедури:
- Ринопластика (Пиезо метода)
- Зголемување на гради
- Подигнување на гради
- Намалување на гради
- Липофилинг
- Блефаропластика на долни и горни очни капаци
- Дерматолипектомија
Со секоја закажана интервенција пациентките добиваат и бесплатна апликација на ботокс.