Во рамки на циклусот предавања кои се одржуваат од страна на медицинскиот тим од Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, едукација за машкото здравје беше одржана и во компанијата ,,Телеком”.
Преку предавањето што го одржа д-р Златана Петковска, специјалист по кардиологија во ,,Аџибадем Систина”, вработените имаа можност да се информираат за најчестите заболувања на кардиоваскуларниот систем, да ја разберат важноста на редовните превентивни прегледи и да научат како да се справуваат со стресот и да водат поздрав живот.
Ваквите едукативни предавања не само што придонесуваат за личното здравје, туку и за продуктивноста и ефикасноста во работното опкружување.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.