Д-р Неда Трајковска, специјалист по трауматологија, ја претставуваше Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и одржа две предавања на годинешниот состанок на SEG2024 (Spine Experts Group). Во своите предавања, таа објасни колку е важен факторот време кај пациентите со политраума, истакнувајќи ја потребата од брза и навремена хируршка интервенција на 'рбетниот столб. Дополнително, таа ги анализираше предизвиците при третманот на полимикробни инфекции, кои се јавуваат како компликација по хируршки зафат на 'рбетниот столб.
Настанот понуди уникатна платформа за размена на знаење и искуства, а најголем фокус беше ставен на најновите иновации и техники во хирургијата на ‘рбетот, со цел да се унапреди оваа специјалистичка област и да се подобрат резултатите кај пациентите.
Д-р Трајковска истакна дека ваквите настани се клучни за стручното усовршување и за одржување чекор со светските трендови во медицината.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.