Педијатри од ,,Аџибадем Систина” , дел од Меѓународниот конгрес за аутизам и АДХД

22.11.2024

Од 13 до 15 ноември во Скопје беше одржан Меѓународен конгрес за аутизам и АДХД кој обедини врвни домашни и меѓународни експерти, педијатри, генетичари, психолози, детски психијатри, логопеди, дефектолози и гинеколози. Од Клиничката болница ,,Аџибадем Систина” учество зедоа педијатрите проф. д-р Анета Демерџиева, која одржа свое предавање под наслов: ,,Пристап кон деца со развојно доцнење” и д-р Наташа Чучкова – Никчевска која предаваше на тема: ,,Улогата и асоцијацијата на цревниот микробиом, исхраната и нутритивниот статус кај децата со аутистичен спектар”.

 На овој конгрес беа разработени повеќе теми, кои опфатија истражувања за промените во функцијата на мозокот кај лицата со аутизам, митохондријалната дисфункција, моторните нарушувања, нарушувањата на сонот, епилепсијата, можностите за рана дијагностика, како и можните пренатални фактори што влијаат врз невроразвојот.

 Овој настан понуди уникатна можност за медицинските експерти да споделат најнови истражувања, најдобри практики и нови стратегии за подобрување на квалитетот на живот, поддршка за развојот на вештините и социјалната интеграција на лицата со аутизам и АДХД во регионот. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.