Во „Аџибадем Систина“ презентиран иновативниот хируршки робот „Версиус“

21.11.2024

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ , пред стручниот медицински персонал беше презентиран иновативниот хируршки робот „Версиус“, дизајниран да извршува лапароскопски и минимално инвазивни процедури. Овој хируршки робот има примена во најразлични области од медицината, со акцент во делот на дигестивната хирургија, урологијата, гинекологијата и градната хирургија.
 
„'Аџибадем Систина', како болница што се стреми да биде во чекор со најновите медицински технологии, особено се радува што напредокот на медицината овозможува употреба на роботска хирургија во третманот на пациентите. Денес имавме можност да се запознаеме  со една навистина напредна технологија и секако, би ни претставувало чест доколку новите генерации хирурзи во иднина би ја користеле“ – вели д-р Владимир Аврамовски, специјалист по дигестивна хирургија во „Аџибадем Систина“. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.