Аџибадем Систина

Проф. д-р Џенгис Јашар и проф. д-р Катерина Кубелка Сабит дел од 35. Конгрес на IAP

21.11.2024

Од 27 до 31 октомври во Канкун, Мексико, се одржа 35. Светски конгрес на IAP на кој присуствуваа врвни експерти ширум светот кои преку своите презентации и предавања ги споделија своите знаења, искуства и експертизи и со тоа придонесоа за унапредување на патологијата.

На овој конгрес учество зедоа доктори специјалисти по патолошка анатомија од Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, проф. д-р Џенгис Јашар кој одржа своја постер-презентација на тема: "Атипични жлездени клетки во конвенционални и течни ПАП-брисови: совпаѓање со хистологијата" и проф. д-р Катерина Кубелка Сабит, постер- презентација на тема: "Yolk sac тумор на јајчник со синхрон ипсилатерален и контралатерален бениген цистичен тератом".

Ваквите настани се од исклучителна важност за работата на секој доктор бидејќи нудат можност да се биде меѓу експерти во својата фела, можност за учење од врвни искуства, надградба на знаењата, а воедно и споделување на сопствените истражувања и успеси во работата. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.