Прв интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје

12.11.2024

Од 31.10 до 2.11.2024 во Струга се одржа Првиот интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје на кој учество со своја презентација имаше д-р Биљана Ќурчиќ, специјалист по микробиологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”. Нејзиното излагање беше на актуелна тема со наслов ,,Ода на враќањето на хуманата листериоза” во која покрај за современата дијагностика во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, се зборува и за поинаков пристап до вулнерабилните имунокомпромитирани и имуносупресирани лица, како сè позастапена категорија во 21 век.

Исто така, беше презентиран и поинаков протокол на лекување, применувајќи ги најмодерните персонализирани принципи на медицината базирана на хуманиот микробиом. Оваа презентација, на која автори беа: д-р Биљана Ќурчиќ , проф. д-р Џенгис Јашар, доц. д-р Корнелија Трајкова и прим. м-р доктор Билјана Какараскоска Боцеска, предизвика голем интерес и поттикна богата дискусија.

Организатори на овој конгрес, на кој учество зедоа и бројни доктори од земјава и странство, беа: Македонско лекарско друштво, Специјалистичко здружение на лекарите по социјална медицина со организација на здравствената дејност, Здружение на докторите специјалисти по хигиена и здравствена екологија, Здружение на микробиолозите на Македонија, Здружение на епидемиолози на Република Македонија и Здружение на доктори специјалисти по медицина на трудот. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.