Кардиоанестезиолози од „Аџибадем Систина“ дел од 2. Меѓународен конгрес во Тирана

01.11.2024

 

На 25 и 26 октомври во Тирана се одржа вториот меѓународен конгрес: „Предизвиците во интензивната нега и периоперативната медицина во 2024“, во организација на Албанското здружение за интензивна нега и Косовското здружение за интензивна нега и периоперативна медицина. Во главен фокус на Вториот конгрес беа актуелните предизвици во интензивната медицина, богата научна програма, реномирани меѓународни предавачи и експерти, како и познати домашни предавачи од сите области поврзани со интензивната нега, а беа одржани и две работилници. Од Клиничката болница „Аџибадем Систина" на овој конгрес присуствуваа прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска и д-р Фадил Беџети. 

Прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска беше гостин предавач на овој конгрес, која одржа предавање на тема: „Респираторни компликации по кардиохируршка операција“.

На овој конгрес што ги опфати речиси сите проблематики во единиците за интензивна нега и периоперативната грижа присуствуваа гости од Италија, Турција, Португалија, Северна Македонија, Србија, Германија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.