Претставени новите трендови во превенција и третман на спортските повреди во фудбалот

31.10.2024

Викендов во Скопје се одржа стручна конференција која на едно место ги собра докторите, кои се претставници на националните фудбалски асоцијации од сите држави во Југоисточна Европа. На настанот беа споделени искуства, експертизи и најдобрите решенија и предизвици поврзани со најчестите повреди во фудбалот. Покрај стручните предавања, учесниците имаа можност и за презентација на вистински случаи и стручни практични рабoтилници.

Предавач од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше д-р Михајло Ивановски, трауматолог, кој е дел од стручниот штаб на фудбалската асоцијација на Македонија. Како дел од тимот на Одделот за ортопедија и трауматологија во „Аџибадем Систина“, зад него стои долгогодишно искуство во превенција и третман на сите спортски повреди, со посебен акцент на повредите во фудбалот. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.