Појадок со Хемо-Онко – Заедно во превенција и свест за рак на дојката

21.10.2024

Подигнување на свеста за превенција од рак на дојка беше целта на настанот "Појадок со ХЕМА – ОНКО” и хуманитарниот базар што викендов во организација на здружението ,,Хема – онко” се одржа во Градски парк во Скопје под мотото "Заедно во превенција и свест за рак на дојка”.  На овој настан едукативно обраќање имаше и д-р Даниела Попоска, специјалист по онкологија и радиотерапија од Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, која со своето учество ја поддржа оваа иницијатива и даде свој придонес во борбата против оваа малигна болест.   

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.