Аџибадем Систина

Проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска предавачи на 44.светски конгрес нa SICOT

14.10.2024

PROF. JORDAN SAVESKI, MD AND NEDA TRAJKOVSKA, MD AS LECTURERS AT THE 44TH WORLD CONGRESS OF SICOT

Од 25 до 27 септември, во Белград се одржа 44. светски конгрес на SICOT (Интернационално здружение за ортопедска хирургија и трауматологија). Ден пред конгресот, на 24 септември, беше одржан интернационален курс за  политраума. Од Клиничката болница "Аџибадем Систина" на двата настана учествуваа проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска, како предавачи со по 3 предавања, а проф. Савески и како модератор на 3 научни сесии.


"Беше огромна чест и задоволство да се биде дел од ова огромно интернационално семејство. Присутни беа учесници од 95 земји. Имавме прилика да ги претставиме нашата болница и искуство пред мултинационален аудиториум, да развиеме дискусија и размена на мислења со експерти од областа. Се обновија стари и се создадоа нови пријателства, се разменија контакти и се создадоа нови мостови за идна соработка. Присуството, уште повеќе активното учество на вакви настани е мерило за достигнатото ниво, успехот на нашиот тим и држење чекор со брзиот развој на полето на трауматологијата и ортопедијата" - објаснуваат проф. Савески и д-р Трајковска за учеството на конгресот. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.