Од 3 до 6 октомври во Охрид се одржаа 51. Oктомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари со меѓународно учество, во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија.
Од Клиничката болница „Аџибадем Систина” на овие едукативни средби свое предавање на тема: „Улогата на pancreatic stone protein (PSP) како инфективен маркер во рана дијагноза на сепса“ имаше и прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, која ја истакна важноста на PSP како специфичен биомаркер во рана дијагноза на сепса, навремен третман и намалување на смртноста кај овие пациенти.
Овие средби на кои учествуваа меѓународни и домашни експерти, гости од балкански здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари претставуваат одлична можност за размена на нови идеи, знаења и искуства од секојдневната дијагностичка и клиничка практика.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.