Аџибадем Систина

ТИМ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ДЕТСКА КЛИНИКА „ТИРШОВА“ ВО БЕЛГРАД

29.07.2024

Медицинските сестри од ангио сали на Одделот за кардиологија во „Аџибадем Систина“ беа во работна посета на Универзитетската детска клиника „Тиршова“, Белград. Посетата на тимот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа на покана на интервентниот кардиолог проф. д-р Војислав Парезановиќ кој е и раководител на Одделот за детска кардиологија. Целта на посетата беше размена на искуства и доедукација со цел развој и унапредување на интервентната кардиологија кај педијатриски пациенти со вродени срцеви мани.
„Аџибадем Систина“ континуирано вложува во едукација на тимот со цел да ја овозможи најдобрата грижа за пациентите.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.