ФУДБАЛЕРОТ НА „ВАРДАР“, МАТЕУС ЛЕМОС, УСПЕШНО ОПЕРИРАН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

28.05.2024

По повредата на предниот вкрстен лигамент (ACL), фудбалерот на „Вардар“, Матеус Лемос, беше успешно опериран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Операцијата ја изведе д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија зад кого стојат низа успешни интервенции кај професионални спортисти.
„Станува збор за честа повреда кај професионалните спортисти. Оперативниот зафат артроскопија и реконструкција на предниот вкрстен лигамент за санирање на оваа повреда е рутинска интервенција, која во нашата болница се изведува со минимално инвазивна технологија како и употреба на тетива од квадрицепс. Оперативниот и постоперативниот период поминаа во најдобар ред. Сега на Матеус му претстои период на рехабилитација, а наша цел е што е можно поскоро да се врати на терените“, вели д-р Ивановски.
Фудбалерот Матеус Лемос само ден по операцијата немаше тешкотии да застане на нозе, со препорака да се движи со помош на патерици.  Процесот на закрепнување ќе трае од шест до осум месеци. Тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ му посакува успешно оздравување и брзо враќање на фудбалските терени.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е прв избор на професионалните спортисти кога станува збор за третман на спортски повреди и нивна рехабилитација. Болницата располага со искусен тим и најсовремена опрема за физикална терапија и рехабилитација.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.