ПАТОЛОЗИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕДАВАЧИ НА НАЦИОНАЛНИОТ КОНГРЕС НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПАТОЛОЗИ И ЦИТОЛОЗИ НА СРБИЈА

28.05.2024

Во периодот од 9 до 11 мај во Нови Сад се одржа 18. Национален конгрес на Здружението на патолози и цитолози на Србија, а патолозите д-р Џенгис Јашар и д-р Катерина Кубелка-Сабит од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа поканети како предавачи.
Нашите патолози презентираа трудови во сесијата од гинеколошката патологија од областа на нивната експертиза во гинекологијата.
Како водечки центар во регионот во однос на гинеколошката цитологија, особено по бројот на цитолошки анализи со техниката на течна цитологија, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го доби епитетот “едукативен центар” особено поради заложбата на д-р Катерина Кубелка- Сабит и д-р Џенгис Јашар, кои во последните години се наставници на курсот по гинеколошка цитологија на Универзитетот во Нови Сад, која оваа година слави 15- годишен јубилеј од формирањето.
По тој повод, д-р Јашар и д-р Кубелка-Сабит се избрани за почесни членови на Српското здружение на патолози и цитолози. Ова е уште еден значаен придонес за Клиничката болница „Аџибадем Систина” кон афирмирањето надвор од границите на нашата држава.
На конгресот учествуваа над 200 учесници од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Велика Британија, Франција, Холандија, Шведска, Швајцарија, Унгарија и САД.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.