Аџибадем Систина

ДОКТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО СВОИ ПРЕДАВАЊА НА СОСТАНОКОТ „МИКРОБИОМ – МУЛТИДИСЦИПЛИНАРНА СЛОЖУВАЛКА“

23.05.2024

Доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа дел од состанокот на тема “Микробиом – мултидисциплинарна сложувалка”, организиран од страна на Научното здружение на ендокринолози и Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом.
Од Одделот за кардиологија, свое предавање во првиот дел од состанокот имаше д-р Иван Трајков, специјалист по кардиологија, на тема: “Микробиомот како нов кардиоваскуларен ризик”, а д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист по ендокринологија, зборуваше за тип 2 дијабетес мелитус и микробиом.
Настанот го предводеше проф.д-р Татјана Миленковиќ, специјалист по еднокриноглогија, претседател на Научното здружение на ендокринолози и доц. д-р Корнелија Трајкова, специјалист по гинекологија, која е дел од Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.