Во клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена артроскопја на лев колк кај 42 годишна пациентка. Оваа интервенција ја изврши д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија под надзор на доктор Иван Василев, кој е меѓународно признат експерт со долгогодишно искуство во ортопедската трауматологија и изведувањето на артроскопски интервенции и има свои приватни клиники во Бугарија и Германија.
„Се работи за неинвазивна процедура која е помалку болна за разлика од класичните хируршки интервенции, го скратува престојот на пациентот во болница и сите компликации се сведени минимум. Интервенцијата траеше околу еден час, а оперативниот и постоперативниот период поминаа со уреден тек. Пациентката следниот ден беше пуштена на домашно лекување во добра општа и подобрена локална состојба“, вели д-р Ивановски.
Во Македонија ваков тип на интервенција односно артроскопија на колк се изведува само во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ бидејќи поседува најсовремена апаратура за изведување на овие интервенции и високо обучен медицински тим.