Од 19 до 21 април во Загреб се одржа Меѓународен конгрес за третман на остеоартритис и остеопороза. Како поканет предавач од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој конгрес беше проф. д-р Виктор Камнар, специјалист по ортопедија.
На овој значаен собир на истакнати доктори се презентираа искуствата во областа на ортопедската хирургија и трауматологија, при остеоартритис и остеопороза, како и најсовремените трендови на оперативно и конзервативно лекување кои се применуваат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Регистрирани беа над 120 учесници, а овој конгрес понуди прилика за несебична размена и ширење на нови искуства и знаење, креативни дискусии и контакти. Конгресот беше во организација на “PharmaS”.