Со повеќе од 45-годишно работно искуство зад себе, а повеќе од 22 години како медицинска сестра во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со широка насмевка и топли прегратки нашата медицинска сестра од Одделот за гинекологија и акушерство, Лилјана Цветановска, си заминува во пензија. Она што најмногу ќе ѝ недостига е убавата дружба, но заминува со најубави спомени. За Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вели дека е врвна клиника, со вистински професионалци и одлични услови за работа.
Колешките од Одделот за гинекологија и акушерство ја испратија Лилјана Цветановска и ѝ посакаа среќни и долговечни пензионерски денови.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.