,,Аџибадем Систина’’, најголемата и најсовремена приватна болница во земјата и регионот, која повеќе од две децении е лидер во здравствениот сектор, на своите долгогодишни вработени, но и на веќе пензионираните членови, кои биле дел од оваа компанија, им додели награди и благодарници за нивната посветеност, лојалност, професионалност и придонес во изминатите години.
Дел од наградените се 55 активно вработени во КБ ,,Аџибадем Систина’’, со работен стаж повеќе од 20 години, 27 пензионирани доктори и 18 пензионирани медицински сестри и останат персонал. На настанот, постхумно беа доделени награди за посебниот придонес на тројца доктори, за кои болницата и менаџментот имале чест да бидат дел од нејзиниот тим.
На листата на наградени се вработени кои се дел од овој систем повеќе од 20 години. Вработени што својата кариера ја започнале во тогашната ,,Мала Богородица’’ – Систина, а потоа, со најголемата инвестиција во приватниот сектор, останале дел и од Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’.
,,Горди сме на она што моментално е Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’, но уште погорди сме на тоа како стигнавме тука, на нашата историја и луѓето со кои ја делиме. Благодарни сме за непроценливиот придонес на секој поединец, кој беше дел од самите почетоци на болницата, пред повеќе од 20 години. Благодарни сме на сите оние што дури и кога оваа болница беше само темел, ја делеа со нас визијата која ја имавме и останаа верни на неа до денес’’ – вели г. Јордан Камчев, основач на брендот „Систина” и главен иницијатор на овој настан.
,,Нескромно можам да кажам дека ‘Аџибадем Систина’ е пример за успешен концепт на интегрирано здравство во кој продолжуваме да ја оправдуваме довербата на пациентите, да вложуваме во искусен, професионален кадар и да инвестираме во најсовремени технологии, со цел да сме во чекор со светските медицински трендови’’ – додава Камчев.
Реномираниот кадар на доктори, дел еминентни професори, како и друг медицински персонал во КБ „Аџибадем Систина’’ е белег за препознатливост и потврда на квалитетот на работењето на болницата. Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ во сите изминати години длабоко го цени и вреднува влијанието што тим од лојални и искусни професионалци го имаат врз квалитетот на грижата за пациентите и севкупниот успех на институцијата. Оваа огромна вредност на болницата, надополнета со континуираното вложување во медицинска опрема и современа технологија, се клучни фактори со кои ,,Аџибадем Систина’’ повеќе од 20 години ги поставува стандардите за извонредност во здравствената индустрија.
Овие големи и значајни јубилеи, како за компанијата така и за вработените, сведочат за синергијата помеѓу визионерско лидерство на менаџментот и непоколеблива посветеност на вработените во ,,Аџибадем Систина’’.
Нашата веб страница користи колачиња. Покрај неопходните, може да користиме колачиња за функционалност, аналитика и маркетинг. Во полето „Поставки“, можете да ги изберете колачињата, а со кликнување на „Прифати“, се согласувате со употреба на сите колачиња.
Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на Вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на интернет-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние може да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.
Колачињата кои ги користи Клиничка Болница Аџибадем Систина не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.
Во поставките за колачиња, можете да ги изберете колачињата.
За повеќе информации во врска со колачињата, погледнете ја нашата Политика за колачиња.
Поставки за колачиња
Неопходни колачиња
Потребни за правилно функционирање на страната и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Може да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи интернет-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.
Аналитички колачиња
Колачиња кои се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со интернет-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.
Колачиња за функционалност
Колачиња кои помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на интернет-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.
Колачиња за рекламирање
Колачиња кои на посетителите обезбедуваат релевантни реклами (пример Facebook). Тие компании може да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат на уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.