По иницијатива на претседателот на Македонската асоцијација за ортопеди и трауматолози МАДОТ, проф. д-р Виктор Камнар, ортопедски хирург, повторно се активираше секцијата за артроскопија. Оваа секција одржа стручен состанок на 22 декември на кој со предавања учествуваше и еминентниот ортопедски хирург д-р Борис Поберај од Словенија.
На стручниот состанок беше изгласан и новиот претседател на секцијата за артроскопија, д-р Борислав Илиев, ортопедски хирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој воедно учествуваше и како предавач.
На состанокот беа споделени најновите искуства од областа на артроскопската хирургија од земјава и регионот.