Алергиите во детската возраст, беше темата на предавањата организирани во игротеката „Имагинариум“. Присутните родители имаа можност да добијат повеќе информации за алергиите кај најмалите од д-р Тања Јованова, педијатар пулмоалерголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Д-р Јованова пред присутните родители го претстави и новиот Оддел за педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ кој е изграден според светските водечки педијатриски центри и овозможува дијагноза и третман на сите болести во детската возраст. Дневната болница, поликлиничкиот дел, стационарот и педијатрискиот ургентен центар уредени се со посебен стил и дизајн, со што децата не добиваат впечаток дека доаѓаат во болница.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.