Гинеколози од „Аџибадем Систина“ предавачи на четвртиот курс на Школата за ултразвук „Ian Donald“
Четвртиот курс на Интер-универзитетската школа за ултразвук „Ian Donald“ ги собра на едно место еминентните светски гинеколози-акушери кои со стручни предавања ги споделија најновите искуства во примената на ултразвукот во гинекологијата, акушерството и неонатологијата. Тридневната едукативна средба опфати бројни научни презентации, предавања и панел дискусии.
Меѓу светски признаените експерти, како поканети предавачи во едукацијата на лекарите учествуваа и нашите врвни експерти д-р Никола Баџаков, д-р Митко Ивановски и д-р Павле Димчев. Пренесувајќи ги своите долгогодишни искуства, присутните имаа можност за континуирана едукација, како и да бидат во тек со најновите достигнувања на ултразвукот и негова имплементација во гинекологијата, акушерството и асистираните репродуктивни технологии.
Школото „Ian Donald“ е основано во 1981 година и денес има национални ограноци во преку 60 земји ширум светот меѓу кои и во Македонија. Претседател на македонскиот огранок е д-р Гордана Адамова, гинеколог – акушер. Неговата главна мисија е едукација на лекари кои во секојдневната пракса употребуваат ултразвук.