Кои се причините за неплодност, како навреме да се дијагностицираат и соодветно да се третираат и последните достигнувања во методите на биомедицинско потпомогнато оплодување беа презентирани за време на стручниот состанок на тема „Новини во асистираните репродуктивни технологии“. Стручниот тим од Центарот за асистирана репродукција на „Аџибадем Систина“ пред присутните гинеколози ги образложија темите – Етички и легални аспекти на асистираните репродуктивни технологии во Р Македонија, оваријален одговор на стимулација, неплодност – да ја утврдиме причината, значењето на ултразвукот при ИВФ и ембрио трансфер, ИВФ – од експеримент до рутински третман 4 децении непрекинат развој и иновации на ИВФ циклусот.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.