Аџибадем Систина

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД ОНКОЛОШКИОТ И ПАТОЛОШКИОТ КОНГРЕС

05.09.2016

Од 1 до 4 септември градот Охрид беше домаќин на XIII Онколошки денови на Устка и Вториот конгрес на патолозите во Република Македонија.

Присутните доктори кои беа дел од онколошкиот конгрес на тема „Прогрес во хирургијата и онкологијата“ преку презентација се запознаа со работата, капацитетот и технологијата со која располага Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На конгресот на патолози, пак, свои излагања имаа докторите д-р Џингис Јашар, д-р Катерина Кубелка и д-р Вања Филиповски од Одделот за дијагностички лаборатории.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.