Треба да вложуваме во помладите – преносот на знаење е клучен за сите генерации. Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ несебично го делат своето искуство со студентите. Дел од нашите специјалисти учествуваа активно и годинава на Вториот студентски конгрес на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. На конгресот, на кој присуствуваа многу студенти, биле одржани околу 100 постер-презентации и 30 презентации. Д-р Џенгис Јашар, кој беше координатор на настанот, вели дека младите покажале голем ентузијазам, а секој од нив дал голем влог на конгресот. Темата на конгресот оваа година беше „Што значи медицината, ако умираме сите“, а „Аџибадем Систина“ беше силен организациски партнер и спонзор.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.