Искуства од Клиничката болница „Аџибадем Систина” беа презентирани на првата интернационална конференција за здравјето на карлицата кај жената која се одржа во Хрватска, од 31 Мај до 2 Јуни. На конференцијата присуствуваше д-р Никола Баџаков, специјалист по гинекологија и акушерство кој со видео материјали ги прикажа практиките и интервенциите што се изведуваат во болницата. Конференцијата е во организација на новата асоцијација CSP (Croatian Society for Pelviperineology) која всушност е своевидно продолжение на предходната уриногинеколошка секција на Хрватска, која била формирана во осумдесетите години.„Јас бев единствен од Македонија и претставник од „Аџибадем Систина”. Бев повикан како предавач да ги покажам искуствата на нашата болница во областа на урогинекологијата со примена на најновите методи во дијагностика и хируршка терапија која во последните декади во светот се употребува т.н. „Minimally Invasive Surgery” (минимална инвазивна хирургија). Ја имав таа чест преку видео материјали да покажам широка палета на интервенции кои ги извршуваме единствени на Балканот. Презентирав мои искуства и мои резултати. Размената на искуствата беше и целта на организаторот, вели д-р Баџаков.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.