Симулациска вежба за Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место, давање прва медицинска помош, противпожарна заштита и справување со елементарни непогоди, вчера беше одржана во Клиничката болница Аџибадем Систина. Големата показна вежба се одржа во соработка и со учество на Дирекцијата за заштита и спасување – како членка на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за Југоисточна Европа (DPPI SEE), со противпожарната бригада на град Скопје и со тимови на Црвениот крст на град Скопје.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.