Аџибадем Систина

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ КАРЦИНОМОТ НА ДОЈКА

15.10.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше дел од 7-та Национална Конференција за борба против карциномот на дојка во организација на Здружението „Борка“. На конференцијата предавање имаше и еминентниот торако-васкуларен хирург д-р Митко Караѓозов, кој зборуваше за важноста на раната дијагноза на карцином на дојка како и за хируршките техники во лекувањето на ова малигно заболување.
За учеството и поддршката во реализирање на 7-та национална конференција за карцином на дојка, благодарници добија д-р Митко Караѓозов и Клиничката болница „Аџибадем Систина“,

На конференцијата беше промовирана и брошурата „Карцином на дојка“ како и web страната www.dojki.mk кои се изработени од „Аџибадем Систина“ со цел да се подигне света за рана дијагноза на карцином на дојка.  

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.