Под слоганот „Живот, сила и самостојност“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод месецот на мускулни дистрофии, организираше интерактивно дружење со триесетина деца, кои страдаат од мускулни дистрофии во Зоолошката градина во Скопје. Преку игри и натпревари кои вклучуваат различни моторни и социјални активности, медицинскиот персонал од педијатриските амбуланти и одделенија при „Аџибадем Систина“ направи актуелна проценка во телесните и моторните способности на овие пациенти, кои се од клучна важност при нивното понатамошно следење и третман. По повод месецот на мускулни дистрофии во „Аџибадем Систина“ од почетокот на септември се изведуваат и бесплатни прегледи од страна на педијатриски кардиолог, невролог и пулмолог, за лицата кои страдаат од оваа болест.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.